ЈПКР "Услуга" - Берово

ул.“Маршал Тито” б.б.
berovo.usluga@gmail.com

Историјат на ЈПКР "Услуга" - Берово

  • Основање

    ЈПКР Услуга Берово, како јавна установа е основано во 1957 година. Но организираното водоснабдување започнало многу порано. Односно, организираното водоснабдување започнало уште пред Втората светска војна, со изградба на зафат во месноста Абланица и резервоар од 10 м3 на истата локација, изграден во 1941 година. Од таму бил изграден цевовод од калени цевки и дрвени подавалки во должина од 3 км. До главниот резервоар од 50 м3 кој бил лоциран спроти манастирот Св.Архангел Михаил во Берово.Од резервоарот била изградена мрежа од поцинковани цевки која водела до градската бања, касарната и имало инсталирано шест маалски чешми.

  • Бидејќи овој систем не ги задоволувал потребите на демографскиот раст и индустрискиот развој, изграден е систем од бунари во реката Брегалница и резервоар на месноста Јуовец со капацитет од 400 м3. Но и овој систем не ги задоволувал потребите на градот, поради недоволната издашност на бунарите е нестабилната електрична мрежа во тоа време и се случувало Берово да остане без вода за пиење и по неколку денови.

  • За да се задоволат потребите на населението и индустријата од вода за пиење, како нов извор е одлучено да биде акумулацијата Ратевско Езеро, која веќе била изградена и наполнета, а направените анализи на водата потврдиле дека квалитетот одговара за намената. Во 1984 година е пуштена во употреба фабриката за вода.

  • Во 1999 гоина е направена првата рехабилтација на со белгиска донација. Во 2000 година завршила градбата и е пуштен во употреба регионалниот цевовод, со што со водоснабдување се покриваат и следните селски населби: Смојмирово, Мачево, Будинарци, Митрашинци, Русиново и Владимирово.

  • Во 2010 година, со донација од Владата на Швајцарија се изгради нов резервоар со капацитет од 1000 м3 вода, се изврши замена на активниот јаглен и замена на главната водоводна линија од резервоарот до ул. Маршал Тито во Берово.

  • Во 1977 година започнал со реализација проектот Изгрдаба на фекална канализација и колектор во Берово. Канализациони мрежи се изградени и во селските населби: Будинарци, Ратево,Владимиорво, Мачево и Русиново. Во 2018 година заврши проектот Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа, со кој Берово доби атмосферска канализација и рехабилитација на канализационата мрежа, беше изградена канализациона мрежа во Смојмирово и колектор од Пехчево до пречистителната станица за отпадни води. Овој проект е финансиран од ИПА фондовите.