ЈПКР "Услуга" - Берово

ул.“Маршал Тито” б.б.
тел:(033) 471-155;
berovo.usluga@gmail.com

Најнови известувања

„Почитувани корисници, сметките од тековниот месец (последната сметка), може електронски да се плати после 5ти во месецот"!

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРС:

Ликовниот натпревар организиран во соработка со јавните комунални претпријатија (Берово, Пехчево, Кочани, Делчево) каде се спроведуваат проекти финансирани од Швајцарската Влада, во чии рамки за подигнување на јавната свест беше и ликовниот натпревар „ Штедиме и пречистуваме вода - потребна ни е за во иднина", ги објави наградените цртежи:

1. место цртеж бр. 8 шифра ТY95

2.место цртеж бр.5 шифра 032007

3.место цртеж број 10, шифра No plastic

Доделувањето на наградите ке се одржи денеска во 14 и 30 часот, пред зградата на ЈПКР„ Услуга" - Берово.

Светски ден на водата 22.03.2021

Проектот за третман на отпадни води Кочани и Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, и двата финансирани од Швајцарската Влада, во рамки на планираните активности за зголемување на јавната свест, организираат ликовен конкурс на тема “Штедиме и прeчистуваме вода-потребна ни е за во иднина“. Ликовниот натпревар се организира во соработка со Јавните комунални претпријатија каде се спроведуваат двата проекти (Кочани, Виница, Делчево, Берово и Пехчево).

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

03.03.2021

Почитувани корисници Фактурите за комунални услуги што ги добивате за последниот месец, наскоро ќе бидат достапни на ВЕБ страната во делот за брзо плаќање, веднаш по генерирање на истите во системот. Доколку се уште не се достапни Ве молиме за разбирање и обидете се повторно за некој ден.

10.02.2021

Почитувани корисници, Во интерес на Вашето време ,следејќи ги современите текови и држејќи чекор со времето,на наше огромно задоволство Ве известуваме дека системот за електронско плаќање на нашата веб страна е веќе во функција. Безбедно може да ги користите двата начина на плаќање 1.Брзо плаќање ( со внесување на број на фактура и Ваша емаил адреса) 2.Преку креирање на кориснички профил во менито Е-корисник. Внимателно прочитајте го Упатството за користење на сајтот и плаќајте ги Вашите сметки - безбедно - без провизии - без чекање во редици - каде и да сте - во било кој дел од денот и неделата.

05.02.2021

ЈПКР Услуга Берово ги известува своите ценети корисници дека наскоро ќе имаат можност да отпочнат со користење на функцијата за електронско плаќање на фактурите за комунални услуги преку нашата WEB странa www.jpkrusluga-berovo.com.mk Корисниците на услуги ќе можат да користат два начина на електронско плаќање: 1.Брзо плаќање со (со внесување на број на фактура и емаил адреса). 2.Преку креирање на кориснички профил во менито Е-корисник.