Добитниците на наградите од конкурсот за најдобра фотографија на тема „Вода за живот„ финансиран од Швајцарската Влада со цел обележување на Светскиот ден на водата 22 Март 2022 се:
1.Сашко Тренчевски
2.Андреј Бубевски
3.Ана Мавродиева
Со почит, ЈПКР „Услуга“ Берово
Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада со цел обележување на Светскиот ден на водата 22 Март 2022 објавува конкурс за избор на најдобра фотографија на тема “Вода за живот“.
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВОПочитувани граѓани на Општина Берово. Поради обемните врнежи од снег, апелираме до сите Вас да ги исчистите местата пред своите домови , а воедно и сопствениците на дуќаните да постапат согласно законските правила и да го расчистат снегот пред своите објекти. Исто така апелираме до сите Вас да ги преместите возилата од улиците и истите колку може помалку да ги користите, како би можело непречено да се исчистат снежните наноси. Се надеваме на разбирање и соработка. Со почит, ЈПКР „Услуга“ Берово
Почитувани Согласно новите измени во Законот за работни односи каде недела е прогласен за ден за неделен одмор. Ве известуваме дека распоредот за собирање на смет во делот кој се собира во недела се менува , односно сметот ќе се собира во сабота. Недела ќе биде неработен ден за вработените во секторот за собирање смет-отпад. Се замолувааат граѓаните да ги почитуваат правилата за одлагање на отпадот и истиот соодветно да го складираат.
Известување за промена на распоредот за собирање на сметВодата во Берово безбедна за пиење, повеќе информации можете да погледнете на следниот линк
Ликовниот натпревар организиран во соработка со јавните комунални претпријатија (Берово, Пехчево, Кочани, Делчево) каде се спроведуваат проекти финансирани од Швајцарската Влада, во чии рамки за подигнување на јавната свест беше и ликовниот натпревар „ Штедиме и пречистуваме вода - потребна ни е за во иднина", ги објави наградените цртежи:
1. место цртеж бр. 8 шифра ТY95
2.место цртеж бр.5 шифра 032007
3.место цртеж број 10, шифра No plastic
Доделувањето на наградите ке се одржи денеска во 14 и 30 часот, пред зградата на ЈПКР„ Услуга" - Берово.
Проектот за третман на отпадни води Кочани и Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, и двата финансирани од Швајцарската Влада, во рамки на планираните активности за зголемување на јавната свест, организираат ликовен конкурс на тема “Штедиме и прeчистуваме вода-потребна ни е за во иднина“. Ликовниот натпревар се организира во соработка со Јавните комунални претпријатија каде се спроведуваат двата проекти (Кочани, Виница, Делчево, Берово и Пехчево).
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВОПочитувани корисници Фактурите за комунални услуги што ги добивате за последниот месец, наскоро ќе бидат достапни на ВЕБ страната во делот за брзо плаќање, веднаш по генерирање на истите во системот. Доколку се уште не се достапни Ве молиме за разбирање и обидете се повторно за некој ден.
Почитувани корисници, Во интерес на Вашето време ,следејќи ги современите текови и држејќи чекор со времето,на наше огромно задоволство Ве известуваме дека системот за електронско плаќање на нашата веб страна е веќе во функција. Безбедно може да ги користите двата начина на плаќање 1.Брзо плаќање ( со внесување на број на фактура и Ваша емаил адреса) 2.Преку креирање на кориснички профил во менито Е-корисник. Внимателно прочитајте го Упатството за користење на сајтот и плаќајте ги Вашите сметки - безбедно - без провизии - без чекање во редици - каде и да сте - во било кој дел од денот и неделата.
ЈПКР Услуга Берово ги известува своите ценети корисници дека наскоро ќе имаат можност да отпочнат со користење на функцијата за електронско плаќање на фактурите за комунални услуги преку нашата WEB странa www.jpkrusluga-berovo.com.mk Корисниците на услуги ќе можат да користат два начина на електронско плаќање: 1.Брзо плаќање со (со внесување на број на фактура и емаил адреса). 2.Преку креирање на кориснички профил во менито Е-корисник.