Почитувани граѓани на Општина Берово!
Ве известуваме дека локациите за доставување на вода преку цистерните ќе се врши на следните локации:
Општина Берово
Камион 1:
Камион 2:
Околните населени места
За институциите доставување на вода ќе се врши по договор.
НАПОМЕНА:
Секоја цистерна ќе се задржи по 45 минути на одредената локација, Ве замолуваме за ред и дисциплина.
За секој жител ќе биде обезбедена потребната количина на вода.
Лице за контакт: Влатко Дујовски -лаборант 070/219-328
Ве известуваме дека страна на Агенција за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово донесено е РЕШЕНИЕ бр.26-772 од 12.11.2024 година согласно кое се забранува на ЈПКР „Услуга“ Берово - водата од водоводната мрежа во Берово да се користи за пиење и готвење се додека не се доведе во безбедна состојба односно може да се користи само како техничка вода.
Исто така се наредува на ЈПКР „Услуга“ Берово да се изврши соодветна преработка за да може да се користи водата како вода за пиење.
Согласно наведеното РЕШЕНИЕ бр.26-772 од 12.11.2024 година, Ве известуваме дека водата од водоснабдителната мрежа поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет во однос на физичко хемиската анализа (зголемена концентрација на манган) во согласност со Правилникот за вода за пиење, не смее да се употребува за пиење и готвење.
Водата може да се користи исклучиво само како техничка вода.
Предвид на наведеното, Ве известуваме во наредниот период водата да се користи само како техничка вода.
Состојбата ќе трае се додека квалитетот на водата не се усогласи во границите кои ги пропишува Правилникот за вода за пиење и додека резултатите од лабораториските анализи направени од акредитирана лабораторија бидат согласно наведениот правилник.
Со почит,
ЈПКР „УСЛУГА“ Берово, ги повикува, сите граѓани, кои имаат градинарски отпад, во поголема количина истиот соодветно да го складираат во близина на контејнерите во временски период од 19.10.2024 до 24.10.2024год. како би можеле вработените лица од Одделението за јавна чистота и зеленило да пристапат кон негово организирано подигнување.
Напомена:
Извршената услуга од страна на ЈПКР ,,Услуга“ согласно ова известување ќе биде извршена бесплатно за сите граѓани кои ќе остават градинарски отпад во наведениот период, во спротивно секое дополнително јавување после овој период за отстранување на градинарскиот отпад ќе се наплаќа согласно утврдените цени од органите на управување и донесениот ценовник на ЈПКР „Услуга“ Берово.
Заедно за почисто Берово!
Стоп за диви депонии и неправило складирање на отпадот!
Ве известуваме дека ИЗВЕСТУВАЊЕТО за поднесено Барање за утврдување на тарифи за водни услуги за регулиран период 2024-2026 година на ЈПКР Услуга Берово, во прилог на овој допис, е поставено на веб страницата на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија https://erc.org.mk
Соопштение ЈПКР УСЛУГА БЕРОВО
Заинтересираните правни и физички лица можат да ги достават мислењата и предлозите во врска со објавеното Барање најдоцна до 24 ноември 2023 година, до 16.00 часот во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги преку:
– Е-пошта: erc@erc.org.mk
– Факс: 02/ 32 33 586
– Адреса: Ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков – 6ти спрат, 1000 Скопје
Со почит,
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА , ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Почитувани граѓани на Општина Берово, Ве известуваме дека ЈПКР “Услуга” Берово, освен дејности за водоснабдување, собирање смет, пречистување и одведување на отпадни води, врши и други дејности меѓу кои и ОЏАЧАРСКИ УСЛУГИ. Согласно горенаведеното, Ве повикуваме пред почетокот на грејната сеозна да се јавите во просториите на јавното претпријатие и да поднесете соодветно барање за чистење на оџаците. За извршената услуга ќе добиете соодветен документ / потврда. Цената за чистење на оџак со 1 отвор за ФИЗИЧКИ лица изнесува 500 денари, цената за ПРАВНИ лица изнесува 1000 денари, додека цената за чистење на оџак со ПАРЕН КОТЕЛ изесува 1200 денари. Со почит ЈПКР “Услуга” Берово.
Почитувани граѓани на Општина Берово! Во тек е имплементација на проектот Реконструкција на Филтер станица во Берово, инвестиција на МЖСПП. За реализација на активностите од проектот, односно санација на таложник и замена на механичка опрема на влез на сурова вода во станицата, неопходно е да се направи прекин на третманот на водата. Поради тоа нема да може да се достави безбедна вода за пиење согласно параметрите од Правилникот за безбедност на водата за пиење (Сл.весник на РМ 183/18), за корисниците од Општина Берово, приклучени на системот за водоснабдување на ЈПКР „Услуга“ Берово.
Прекинот на третманот на преработка на водата за пиење се планира да почне од 04.09.2023 година и истиот ќе трае се до завршување на градежните работи на Филтер станицата односно се очекува да биде некаде околу 3 (три) до 4 (четири) недели.
Прекин на водоснабдувањето на достава на вода до Вас како потрошувачи нема да има односно водата од чешма ќе биде хлорирана и истата ќе можете да ја користите за санитарни потреби, перење како и за лична хигиена. Водата не смее да се употребува за пиење и готвење како и за миење на садови и овошје и зеленчук. Во наведениот период ЈПКР „Услуга“ Берово ќе организира доставување на вода за пиење преку соодветни цистерни. За начинот и локациите за дотур на вода за пиење преку цистерните ќе бидете навремено и дополнително информирани преку нашата веб страна и социјалните мрежи. ЈПКР „Услуга“ Берово
Почитувани граѓани на Општина Берово Ве известуваме дека поради реализација на активностите по проектот „Реконструкција на филтер станица“, на ден 18.07.2023 година (вторник), можни се прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина. Ви благодариме за разбирањето ЈПКР „Услуга“ - Берово
Почитувани! Ве известуваме дека поради санација на дефект на резервоарот во селото, во период од 02.05.2023 година до 05.05.2023 година, ќе биде прекинато водоснабдувањето. Согласно горенаведеното, потребно е да си обезбедите вода за пиење во доволни количини, додека техничка вода ќе биде обезбедена преку цистерна која ќе биде поставена на центарот на селото. За секој дополнителна ситуација редовно ќе бидете известувани. Се надеваме на разбирање. Со почит, ЈПКР „Услуга“ Берово Директор Илија Рунтевски.
22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата. Покрај тоа, особен фокус за значењето на питката (слатката) вода, преземање на активности за справување со глобалната криза за вода и подигнување на свеста за 2,2 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедна вода. Значењето на водата е огромно,но сепак да се потсетиме на нејзиното животно значење и тоа колку треба да се грижиме за нејзината правилна и наменска употреба.Да не ја употребуваме водата за наводнување и полевање затоа што таа е произведена за пиење.Водата е скапоцена како за нас така и за идните генерации. Чувајте ја водата!
Почитувани! Поради дефект на главната водоводна линија во централното градско подрачје, ве известуваме дека ќе дојде до прекин на водоснабдувањето.Траењето на прекинот на водоснабдувањето ќе зависи од времето на отклонување на дефектот.За секоја ново настаната ситуација дополнително ќе бидете известени. Со почит, ЈПКР „Услуга“ Берово
Почитувани корисници ве известуваме дека проблемот со веб-страната е отстранет и истата е веќе достапна за електронска наплата. Со почит, ЈПКР „Услуга“ Берово
ЈПКР „УСЛУГА“ Берово, ги повикува, сите граѓани, кои имаат градинарски отпад, во поголема количина истиот соодветно да го складираат во близина на контејнерите за време на продолжениот викенд ( 22.10.2022 год., 23.10.2022 год., и 24.10.2022 год.) како би можеле вработените лица од Одделението за јавна чистота и зеленило да пристапат кон негово организирано подигнување. Напомена: Извршената услуга од страна на ЈПКР ,,Услуга“ согласно ова известување ќе биде извршена бесплатно за сите граѓани кои ќе остават градинарски отпад во наведениот период, во спротивно секое дополнително јавување после овој период за отстранување на градинарскиот отпад ќе се наплаќа согласно утврдените цени од органите на управување и донесениот ценовник на ЈПКР „Услуга“ Берово. Заедно за почисто Берово! Стоп за диви депонии и неправило складирање на отпадот!
Добитниците на наградите од конкурсот за најдобра фотографија на тема „Вода за живот„ финансиран од Швајцарската Влада со цел обележување на Светскиот ден на водата 22 Март 2022 се:
1.Сашко Тренчевски
2.Андреј Бубевски
3.Ана Мавродиева
Со почит, ЈПКР „Услуга“ Берово
Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада со цел обележување на Светскиот ден на водата 22 Март 2022 објавува конкурс за избор на најдобра фотографија на тема “Вода за живот“.
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВОПочитувани граѓани на Општина Берово. Поради обемните врнежи од снег, апелираме до сите Вас да ги исчистите местата пред своите домови , а воедно и сопствениците на дуќаните да постапат согласно законските правила и да го расчистат снегот пред своите објекти. Исто така апелираме до сите Вас да ги преместите возилата од улиците и истите колку може помалку да ги користите, како би можело непречено да се исчистат снежните наноси. Се надеваме на разбирање и соработка. Со почит, ЈПКР „Услуга“ Берово
Почитувани Согласно новите измени во Законот за работни односи каде недела е прогласен за ден за неделен одмор. Ве известуваме дека распоредот за собирање на смет во делот кој се собира во недела се менува , односно сметот ќе се собира во сабота. Недела ќе биде неработен ден за вработените во секторот за собирање смет-отпад. Се замолувааат граѓаните да ги почитуваат правилата за одлагање на отпадот и истиот соодветно да го складираат.
Известување за промена на распоредот за собирање на сметВодата во Берово безбедна за пиење, повеќе информации можете да погледнете на следниот линк
Ликовниот натпревар организиран во соработка со јавните комунални претпријатија (Берово, Пехчево, Кочани, Делчево) каде се спроведуваат проекти финансирани од Швајцарската Влада, во чии рамки за подигнување на јавната свест беше и ликовниот натпревар „ Штедиме и пречистуваме вода - потребна ни е за во иднина", ги објави наградените цртежи:
1. место цртеж бр. 8 шифра ТY95
2.место цртеж бр.5 шифра 032007
3.место цртеж број 10, шифра No plastic
Доделувањето на наградите ке се одржи денеска во 14 и 30 часот, пред зградата на ЈПКР„ Услуга" - Берово.
Проектот за третман на отпадни води Кочани и Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, и двата финансирани од Швајцарската Влада, во рамки на планираните активности за зголемување на јавната свест, организираат ликовен конкурс на тема “Штедиме и прeчистуваме вода-потребна ни е за во иднина“. Ликовниот натпревар се организира во соработка со Јавните комунални претпријатија каде се спроведуваат двата проекти (Кочани, Виница, Делчево, Берово и Пехчево).
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВОПочитувани корисници Фактурите за комунални услуги што ги добивате за последниот месец, наскоро ќе бидат достапни на ВЕБ страната во делот за брзо плаќање, веднаш по генерирање на истите во системот. Доколку се уште не се достапни Ве молиме за разбирање и обидете се повторно за некој ден.
Почитувани корисници, Во интерес на Вашето време ,следејќи ги современите текови и држејќи чекор со времето,на наше огромно задоволство Ве известуваме дека системот за електронско плаќање на нашата веб страна е веќе во функција. Безбедно може да ги користите двата начина на плаќање 1.Брзо плаќање ( со внесување на број на фактура и Ваша емаил адреса) 2.Преку креирање на кориснички профил во менито Е-корисник. Внимателно прочитајте го Упатството за користење на сајтот и плаќајте ги Вашите сметки - безбедно - без провизии - без чекање во редици - каде и да сте - во било кој дел од денот и неделата.
ЈПКР Услуга Берово ги известува своите ценети корисници дека наскоро ќе имаат можност да отпочнат со користење на функцијата за електронско плаќање на фактурите за комунални услуги преку нашата WEB странa www.jpkrusluga-berovo.com.mk Корисниците на услуги ќе можат да користат два начина на електронско плаќање: 1.Брзо плаќање со (со внесување на број на фактура и емаил адреса). 2.Преку креирање на кориснички профил во менито Е-корисник.